Политика за приватност
Последна измена: 18 ноември 2026
1. Кои сме ние
Зборко е бесплатна, некомерцијална алатка за проверка на правопис на македонски јазик. За прашања околу приватноста пиши ни на nikola.stevkov@gmail.com.
2. Твоите документи
Кога ќе избереш датотека (.docx, .pptx, .pdf, .txt) или ќе внесеш текст, целата проверка се извршува во твојот прелистувач, на твојот компјутер или телефон. Содржината не се прикачува на наш сервер ниту на кој било друг сервер. Кога ќе ја затвориш страницата, документот исчезнува од меморијата на прелистувачот.
Поправената датотека се создава исто така на твојот уред и се зачувува таму каде што ќе одлучиш. Оригиналната датотека никогаш не се менува.
3. Што се чува на твојот уред
За да ти биде полесно, страницата користи локално складирање во прелистувачот (localStorage) за две работи:
- „Мои зборови“: зборовите што ќе ги додадеш во твојот речник.
- Последната датотека: последната датотека што ја провери и поправките што ги направи, за да можеш да продолжиш ако случајно ја затвориш страницата. Се чува најмногу 14 дена и се брише со „Отфрли“, или кога ќе провериш друга датотека се заменува со неа.
- „Не е грешка“: ознаките што ќе ги означиш дека не се грешки, заедно со краток извештај (зборот и реченицата околу него). Извештајот никогаш не се праќа сам; можеш само ти да го копираш и да го испратиш ако сакаш.
- Нацрт: текстот што го пишуваш во полето „Внеси текст“, за да не се изгуби ако случајно ја затвориш страницата.
Ако ја инсталираш страницата или ја отвориш повеќе пати, прелистувачот ги чува датотеките на страницата (не твоите документи) за Зборко да работи и без интернет.
Овие податоци остануваат само во твојот прелистувач и ние немаме пристап до нив. Можеш да ги избришеш со копчето „Исчисти мои зборови“, со бришење на полето за текст, или со бришење на податоците за оваа страница во поставките на прелистувачот.
4. Колачиња, аналитика и реклами
Не користиме колачиња (cookies), алатки за аналитика, реклами, ниту копчиња од социјални мрежи. Сите фонтови и програмски библиотеки се наоѓаат на истиот сервер како и страницата, па прелистувачот не контактира со Google или други надворешни сервиси.
5. Хостинг
Страницата е хостирана кај надворешен провајдер (на пр. Netlify). Како и секој веб-сервер, провајдерот може автоматски да бележи технички податоци за пристапот, како IP-адреса, време на барањето и тип на прелистувач, заради безбедност и работа на услугата. Ние не ги користиме овие податоци за да те препознаеме. Повеќе информации има во политиката за приватност на провајдерот (на пр. netlify.com/privacy).
6. Деца
Алатката можат да ја користат и ученици. Бидејќи не собираме лични податоци, не бараме ниту возраст ниту согласност од родител.
7. Твоите права
Според Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија и Општата регулатива за заштита на податоците (GDPR), имаш право да знаеш кои податоци се обработуваат за тебе, да бараш нивно бришење и да поднесеш приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци. Бидејќи ние не собираме и не чуваме твои лични податоци, нема податоци што би можеле да ти ги дадеме или избришеме. За секое прашање, пиши ни.
8. Промени
Ако ја смениме оваа политика, ќе го ажурираме датумот најгоре на страницата.